Објавено на:

Лукашенко итно пренесен во болница

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е примен во болница во Минск, објавија белоруските „Еврорадио“ и „Белоруски Хајун“.

Како што објавија, колоната која вообичаено го следи Лукашенко пристигнала во болницата околу 19 часот. За тоа време приодот до болницата бил затворен, а сите околни улици биле под надзор на вооружени чувари.

Лукашенко последен пат се појави во јавноста на 9 мај, кога заедно со рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва. Тогаш сите коментираа дека претседателот на Белорусија изгледа прилично слабо. За разлика од другите лидери кои беа на прославата, Лукашенко мораше да се вози и на кратки растојанија. Поради слабост го пропуштил и официјалниот ручек со Путин.

Ројтерс објави дека Лукашенко изгледал „уморно“ и „нервозно чукал со нозете“ и дека има видлив завој на десната рака и се чини дека е генерално во лоша состојба.

Подоцна истиот ден, Лукашенко присуствуваше на прославите на Денот на победата во Минск. Но, тој ја прекина традицијата и наместо воена униформа облече одело и не одржа говор. А во последните две недели присуствуваше на многу малку настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска започна операција на границата со Белорусија

Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…

Лукашенко слави 30 години како претседател на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја…

НАТО ги следеше воздухопловните вежби на Русија…

Авионите за радарски надзор на НАТО на…

Лукашенко гледа опасност во НАТО: Ако се…

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, коментирајќи ја…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…