Арсова: Ваквите немили настани не може некого да не го вознемират – родителите имаат огромна вина

t

Гостинка во денешната “МРЕЖА” е Проф. Д-р. Славица Арсова во која зборуваме за можноста во Македонија да се повтори масакрот од Србија.

,,Сите сме вознемирени од настаните што се случија во Србија. Огромна трагедија и екстремно трауматичен настан кој влијае и ќе влијае и во иднина на општата популација, особено во средината во која се случи сето тоа, но и кај нас се разбира, бидејќи такви настани не може некого да не го вознемират и да не предизвикаат чувство на страв, на несигурност” , смета Проф. Д-р. Славица Арсова.

,,Јас не можам да кажам точно како е можно сево ова и како се случило, со оглед на тоа дека информациите што ги добивам се исто како и вие, од страна на она што го читаме и гледаме. Од тоа што го знаеме е познато дека детето функционирало малку поразлично од другите деца. Во овој случај огромна вина сноси родителот. Доколку родителите забележале дека било што се случува со нивниот син, најмалку требале да го поттикнат да учи да управува со огнено оружје”, вели Проф. Д-р. Славица Арсова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…

Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…