Објавено на:

МАЛКУ НЕОЧЕКУВАНО: Ердоган загуби на гласањето во Македонија!

t

Турскиот претседател загуби на гласањето во Србија, Бугарија, Албанија и Грција, а победи само во Косово и Босна и Херцеговина.

Малку неочекувано, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги губи претседателските избори на гласачките места во Македонија. Турската изборна комисија отвори пет гласачки места во Македонија и според податоците на државната агенција Анадолија резултати има од три. Според тие резултати кандидатот на опозицијата има голема предност – Кемал Киличдароглу освоил 52,84 отсто, а Ердоган 35.8. Трет е националистичкиот кандидат Синан Оган со 8,2 проценти.

Меѓу гласачите во Македонија има турски студенти кои учат на некои од универзитетите, потоа турски работници ангажирани на повеќе градежни зафати, како и помал број македонски државјани кои имаат и турски пасоши.

Интересно е што Киличдароглу излезе прв и на гласањето во Србија – 48,23 наспроти 45,42. Во Бугарија разликата е 69 наспроти 24 во корист на Киличдароглу. Во Грција е уште поголема – 75 наспроти 16.

Иако албанскиот премиер Еди Рама отворено го поддржа Ердоган неколку дена пред изборите на гласањето во самата Албанија Кемал Киличдароглу однесе убедлива победа: 62,5 за Киличдароглу, а 32,4 за актуелниот претседател.

Во регионот Ердоган доби повеќе гласови само во Косово (55:35) и во Босна и Херцеговина (45:43).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…