Украинците тврдат дека Пригожин му заби нож во грб на Путин: Шефот на Вагнер и понудил на Украина да ги предаде тајните локации на руските војници околу Бахмут
Евгениј Пригожин, шефот на озогласената платеничка група „Вагнер“ и понудил на украинската Влада да ја открие позицијата на руските војници, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на американското разузнавање.
Војниците на Вагнер беа во првите редови на крвавата руска офанзива за преземање на градот Бахмут.
Меѓутоа, како што пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори од Пентагон, Пригожин во јануари, во замена за непречено повлекување на неговите сили од бојното поле во тој град, и понудил на украинската разузнавачка служба да ги открие позициите на руските сили, но Украина ја одбила таа понуда.
Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, јавно се закани дека ќе ги повлече своите платеници од областа околу Бахмут доколку не ја добијат потребната муниција.
Тој во вторникот во аудио порака рече дека тој и неговите луѓе ќе се сметаат за предавници доколку ја напуштат областа.
„Вашингтон Пост“ објави дека понудата на Пригожин дошла преку неговите контакти со украинската разузнавачка служба. Портпаролот на Белата куќа одби да го коментира извештајот, кој се заснова на тајни американски документи протечени на платформата за групни разговори Discord.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерџановски: Со владиниот авион во Скопје транспортиран…
Пациент од Скопје кој се здобил со…
Иран има шест услови за САД за…
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот…
Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони…
Речиси 46 милиони денари, односно околу 750…
Пожар во село Чифлик – општина Сопиште,…
Голем пожар попладнево избувна на територијата на…
Вучиќ најави фабрика за дронови во Србија,…
Србија во септември треба да добие нова…