Објавено на:

Вучиќ најави фабрика за дронови во Србија, ќе ја отвори во септември

t

Србија во септември треба да добие нова фабрика за производство на дронови, која ќе биде реализирана во соработка со израелски партнери, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ соопшти дека фабриката би требало да биде отворена околу 15 или 20 септември, но не откри каде ќе се наоѓа, колкав ќе биде нејзиниот производствен капацитет, какви дронови ќе се произведуваат ниту колкава ќе биде вредноста на инвестицијата.

Најавата ја даде по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, одговарајќи на прашање за можноста за воена соработка меѓу Србија и Украина.

„Србија ќе отвори фабрика за дронови, но со Израелците“, изјави Вучиќ, додавајќи дека со Зеленски не разговарале за воена соработка во моментов, но дека тоа би можело да биде тема по завршувањето на војната.

За време на посетата на Зеленски на Србија беше потпишан и меморандум за соработка во областа на здравјето на животните и безбедноста на храната меѓу српското Министерство за земјоделство и украинската Државна служба за безбедност на храната и заштита на потрошувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…

Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на „Онлифенс“…

Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони…

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди…

На Ива ќе ѝ се суди во…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…