Гранични полицајци завршија во затворот во Шутка: Примиле поткуп за да пропуштат возило без зелен картон

t

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А. В. и Н. С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело примање поткуп по член 357 став 1, а второпријавениот сторил кривично дело несовесно работење во службата по член 353-в став 1 и двете од Кривичниот законик.

„Имено, првопријавениот на 13.5.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач што управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, а второпријавениот го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Македонија. По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди како овластен предлагач ќе поведе постапка и за утврдување дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фрчкоски не е повеќе Амбасадор во Обединети…

Професорот Љубомир Фрчкоски поднесе Оставка на местото…

Трамп за прв пат се појави на…

На првиот јавен митинг на отворено по…

(Видео) Овации за Новак Ѓоковиќ во Њујорк

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња,…

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања, досега…

ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите…

Директорот на ЦИА е во посета на…

По посетата на Сараево, директорот на американската…