Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција
Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината.
До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики.
Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион.
На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови.
По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море.
Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С.
Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…