Објавено на:

За што се подготвува Полска? Пристигнаа првите ХИМАРС-и, ќе набавуваат уште 500

t

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска во Варшава ги презеде првите пет лесни повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС од вкупно 20 што Полска ги купи од САД, а оваа година САД се согласија постепено да и продаваат на Полска уште 500.

„Ги преземаме ХИМАРС во полската армија, оружје кое се покажа добро во борбите, во рацете на Украинците кои ја запираат руската инвазија. За кратко време ќе имаме голема сила на располагање и ќе ја зајакнеме полската артилерија“, рече Блашчак.

Полскиот министер за одбрана претходно најави дека 20 повеќецевни фрлачи ХИМАРС, зделка вредна 414 милиони долари, не е крај и дека се водат преговара за купување на уште 500 фрлачи за кои американскиот Конгрес изразил согласност, а официјална Варшава има амбиции во тој нов договор да договори и производство на ХИМАРС во Полска.

Покрај повеќецевните фрлачи, Полска нарача и борбена муниција, со дострел од 70 километри и 300 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Полска започна операција на границата со Белорусија

Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер…

„Многу тешка ноќ“: Полска ја подигна авијацијата…

Полска синоќа ги подигна своите воздухопловни сили…