Објавено на:

Почеток на падот на Ердоган? Оган ќе го поддржи Киличдароглу ако…

t

Двајцата кандидати со најголем број гласови освоени во првиот круг од претседателските избори во Турција, Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу, ќе се натпреваруваат во вториот круг на 28 мај.

Турскиот националистички претседателски кандидат Синан Оган, кој заврши на третото место на изборите во неделата, денеска изјави дека може да го поддржи главниот опозициски кандидат Киличдароглу во вториот круг само ако се согласи да не прави отстапки на прокурдската партија.

Оган освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

За актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ.

За главниот ривал на Ердоган – Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите.

За да победи во првиот круг, кандидатот мора да добие 50 отсто плус еден глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Ердоган ги критикува САД бидејќи ја блокираа…

Невозможен е праведен свет со Америка во…

Ердоган: Уништувањето на Xамаc е „нереално“

Израел и неговите западни поддржувачи наместо тоа…

Телефонски разговор Ердоган-Зеленски за кризата на Блискиот…

Како што се наведува во соопштението на…

Ердоган: Ова што се случува во Газа…

Ердоган повторно не штедеше зборови за да…