Објавено на:

САД мора да продолжат да ги плаќаат долговите инаку ќе следува потрес во цел свет

t

Американските пратеници мора да дејствуваат итно за да можат САД да продолжат да ги плаќаат долговите, изјави денеска заменик-секретарот за финансии на САД, Вали Адејемо.
Тој додаде дека неспособноста на американската влада да ги плати долговите ќе и наштети на американската и светската економија во наредниот период.


Адејемо изјави за американското радио NPR дека ќе има зголемување на трошоците за задолжување и дека луѓето ќе бидат помалку подготвени да инвестираат во средства засновани на долари, пренесува Ројтерс.
Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, истакна дека Конгресот и Белата куќа се уште се далеку од постигнување договор за планот за зголемување на лимитот на националниот долг.


На американскиот Конгрес му истекува времето за постигнување договор за зголемување на плафонот на долгот на федералната влада, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари.
Постигнувањето на горната граница на долгот би значело дека американската влада повеќе не е во можност да позајмува пари и, во исто време, е принудена да не враќа долгови, што би ги разнишало глобалните финансиски пазари и би ја поткопало довербата во САД како глобален деловен партнер.


Американскиот министер за финансии Џенет Јелен претходно предупреди дека американската влада би можела да остане без пари до 1 јуни доколку Конгресот не го подигне или суспендира плафонот на долгот.
Републиканците во Претставничкиот дом бараат прво драстично намалување на трошоците и укинување на некои од одлуките на демократскиот претседател Џозеф Бајден, вклучително и неговата програма за простување студентски заеми и даночни олеснувања за зелената енергија.
Од друга страна, Бајден инсистира на подигање на плафонот на долгот без никакви услови и вели дека ова прашање не може да се преговара.
Плафонот на државниот долг на САД е подигнат, продолжен или ревидиран 78 пати од 1960 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…