„Мојот претходник се фали дека оставил 10 милиони евра на сметка, ама не кажува дека оставил долг од 100 милиони”
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, одговори на наводите на екс градоначалникот Петре Шилегов, дека при неговото заминување на сметка имало 10 милиони евра.
Арсовска вечерва во 10 МИНУТИ на ТВ21 кажа дека тоа е вистина, но дека неговиот претходник оставил десет пати поголем долг од тие средства.
„Долговите беа огромни, а добар дел од нив исплативме. Да, точно е дека имаше 10 милиони евра, но мојот претходник заборави да кажа дека има 100 милиони евра долг. Тоа е ништо за разлика од долгот. Секој може да си каже што сака, но кога кажувал колку пари оставил на сметката, требало да открие и колкав е долгот, а не само да се фали“, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…