Објавено на:

Пандев: Не спиев две ноќи пред Барселона, секаде ме сакаат бидејќи секогаш давав сè од себе

t

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, одново е во фокусот на италијанската јавност. Поранешниот капитен во националниот дрес и ас на бројни тимови од Серија А за медиуите од „чизмата“ зборуваше за својата кариера, но и за претстојниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Интер и Милан.

Пандев вечерва од трибините ќе го следи миланското дерби во европската елита, а за „Скај Италија“ се наврати на 2010 година кога Интер за последен пат стана шампион на Европа, а подели и по некој совет за сегашните асови на „нероазурите“

„Јас последните две ноќи пред тоа полуфинале со Барселона не спиев и после само пет минути на мечот, сѐ беше нормално. Мислам дека Интер има доста искусни играчи, физички се добри, но треба да го заборават првиот меч. Мислам дека можат до финале. Интер е силен, но не се споредува овој со тој во 2010 година. Тогаш Ето можеше сам да ви донесе победа. Симоне е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. На крај се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер такво нешто заслужува“, рече Пандев.

Пандев е миленик не само во Македонија, туку и во Италија, а тоа се покажа така и по неговата последна посета на „Џузепе Меаца“ во Милано и „Мараси“ во Џенова,

„Секаде ме сакаат и ми аплаудираат? Тоа е зашто секаде каде што играв, се трудев и давав сѐ од себе за дресот кој го носев. Нормално е некогаш да успевате, некогаш не, но секогаш јас се обидував да бидам најдоброто од себе. И на теренот секогаш давав сѐ. Сеќавања за дербито, секако ми е првото кога дојдов, кога дадов гол од слободен, а игравме со десетмина за да победиме со 2-0“, додаде македонскиот ас.

Интер и Милан вечерва ќе се борат за финале во Лигата на шампионите. По првите 90 минути предност од два гола има Интер.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка бара итна реакција од институциите откако…

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…

Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…

Маж од Кичево е пријавен за силување…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…

Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…

Пукање од возило во Сарај: Едно лице…

На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…