Објавено на:

Од денеска директен авионски лет од Белград до Чикаго: Вучиќ и Хил сечеа лента

t

Српската авиокомпанија „Ер Србија“ од денеска повторно воспоставува директeн воздушен сообраќај меѓу Белград и Чикаго, по 30-годишен прекин.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, рано утрово со свечено сечење лента на „Никола Тесла“ официјално го отворија првиот лет на „Ер Србија“ за Чикаго.

Српската национална авиокомпанија ќе лета за Чикаго двапати неделно, во среда и во сабота, а од 12 јуни патниците ќе имаат трето неделно полетување во понеделник, соопшти Ер Србија.

Летовите од Белград до меѓународниот аеродром „О’ Хер“ во Чикаго ќе траат 11 часа, додека патувањето од Чикаго до Белград трае помалку, околу 10 часа. На оваа траса се поминува растојание од околу 8.000 километри.

Летовите ќе се вршат со авиони Ербас А330-200 од флотата на широколисни авиони на српската национална авиокомпанија. Новата линија е продолжение на деловната експанзија на српската национална авиокомпанија во САД, каде што веќе лета директно за Њујорк.

Ер Србија смета дека новата линија ќе значи и подобро поврзување на регионот со Чикаго, третиот по големина град во САД, по Њујорк и Лос Анџелес, каде што живеат голем број луѓе по потекло од овие краишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисијата на Србија во ОН апелира до…

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Вучиќ: Србија е нападната на многу расипан…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…