Левица објави скандал: Градинката “Срничка” во Аеродром им забранила на дечињата да слушаат патриотски песни!

t

Партиските кадри и реализирањето на антимакедонската агенда на власта се дрзнуваат да ја забранат македонската историја за најмладите, иако народот ги плаќа да работат во негов интерес, реагираат од политичката партија Левица од каде објавија документ од градинката “Срничка во Аеродром” во кој се забранува слушање на песната “Нешто ќе те питам бабо”.

-Партиските полтрони во управниот одбор и директорот во градинката „Срничка” се дрзнаа да забрануваат македонски песни каде се опејуваат херои од македонската историја со цел да им се додворат на властите, кои ги поставиле на позицијата и со антимакедонската и врховистичка агенда на негирање и бришење на историјата се оддолжуваат на пробугарската СДС за позицијата на која ги поставиле.

Ова однесување на партиските полтрони во управните одбори и директорката кадар од СДС во градинките на територијата на Општина Аеродром не смее да се дозволи и да остане не осудено од страна на општината и родителите на засегнатите деца.

Левица силно се противи на орвеловската агенда на врховистичката СДС која на секаков можен начин се труди да ја забрани, избрише и однесе во заборав историјата на Македонците со цел да се додворат на своите газди во Софија и Мала Речица.

Со нивниот скорешен и неминовен пад од позицијата на моќ сето ова девијантно однесување на нивните полтронски кадри учипени по институциите ќе биде жестоко казнето за никогаш повеќе да не се повтори. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…