Поранешниот француски претседател осуден за корупција!
Францускиот суд ја потврди тригодишната затворска казна на Никола Саркози и покрај неговата жалба. Против него е поднесена постапка за корупција и тргување со влијание. Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година.
Инспекторите откриле дека тој имал таен телефонски број под друго име од кој се јавувал до својот адвокат. Двајцата одржувале врска со судија, од кого добиле информации за некои истраги. Касетите од телефонските повици доведоа до пресуда за корупција пред две години. Саркози ги отфрли сите обвиненија и поднесе жалба.
Судот денеска одлучи да не ја прифати неговата жалба и ја потврди казната од три години затвор, од кои две условни. Преостанатата година Саркози наместо во затвор ќе носи електронска нараквица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Мицкоски со повик до граѓаните: Пријавете корупција,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги повика граѓаните…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…