Отсуство на државна регулација на банкарскиот сектор му донесе 45% повисок профит од лани

t

Отсуство на државна регулација на банкарскиот сектор му донесе 45% повисок профит од лани, реагираат од политичката партија Левица.

-Додека народот тоне во сиромаштија, лихвобанкарите остварија речиси 62 милиони евра нето-добивка само за првиот квартал од годината, која е повисока за 44 отсто споредбено со минатата година!

Особено се високи нето-приходите по основ на КАМАТИ, кои изнесуваат 93 милиони евра и повисоки се од претходната година за 43 отсто. Без никаква државна регулација, банките профитираат директно од растечката СИРОМАШТИЈА, затоа што домаќинствата, од егзистенцијални причини, плаќаат сè поскапи и понеповолни кредити, како и повисоки камати на негативните салда на тековните сметки и кредитните картички.

Значајни се и нето-приходите од провизии и надоместоци во износ од 25 милиони евра. Највисока нето добивка, во износ од 55 милиони евра, остварија петте големи банки.

Со затегањето на монетарната политика, Народната банка уште кон крајот на 2021 година започна да ги зголемува каматите на благајничките записи и референтната стапка, со цел да ја одржи финансиска стабилност и ликвидност во банкарскиот систем и да ја забави инфлацијата. Меѓутоа, од преземените мерки, само лихвобанките остваруваат сè поголеми профити, а во континуитет се намалува животниот стандард и куповната моќ на граѓаните.

Со оглед дека учеството на странскиот капитал во банкарскиот сектор е огромно, посебно во големите банки каде изнесува 87 отсто, сè поголемите профити стекнати од депозитите и кредитите на домашното население, ќе легнат на контото на странските инвеститори, кои што своите лесно заработени дивиденди ги трошат надвор од Македонија.

За да се стави крај на лихвобанкарството, #Левица се залага за НАМАЛУВАЊЕ и ограничување на каматите, провизиите и надоместоците, затоа што трката по екстра профити во време на криза, крајно ја загрозува благосостојбата на народот. Со ограничување на слободата во утврдувањето на тарифите, ќе се спречи самоволието на банкарскиот систем и ќе се заштитат граѓаните, во услови кога инфлацијата значително го намали животниот стандард, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: ЏАБЕ ќе ни се лижете, си…

По пресконференцијата, Апасиев повторно во негов сил…

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

(Видео) Апасиев: Предлагаме граѓански устав со НАЦИОНАЛНА…

Нека си направи и Бугарија Рамковен договор,…