Ковачевски од Рејкјавик: Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина

t

Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик.

Ковачевски рече дека дискурсот кој се користи од Бугарија кон Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина.

Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, посочи Ковачевски.

Додаде дека Македонија и Албанија заслужуваат да продолжат напред и заедно затоа што кога соседите се движат напред и останатите се движат напред.

Не смееме да дозволиме влијание од трети страни особено не од Русија и во срцето на Балканот, што е срцето на Европа, додаде Ковачевски.

Тој посочи дека Македонија целосно ја поддржува декларацијата на Самитот и сите анекси и верува дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање на проблемите.

Со нашите партнерски организации особено ЕУ, особено решавањето на грижите и проблемите што ги споделуваме. Како претседавач со ОБСЕ и членка на НАТО ќе продолжиме да ја покажуваме нашата цврста посветеност на мултилатерализмот и нашата посветеност особено кон Украина, како што правевме и досега, кажа Ковачевски.

Премиерот порача дека се собрале во Рејкјавик за да покажат единство, солидарност и посветеност на заедничките вредности во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото соочени со невидената агресија против земја членка Украина.

Руската агресија против Украина е очигледно кршење на меѓународното право како и еден остар потсетник за последиците од целосното непочитување на поредокот. Се уште сме убедени дека мултилатеразмот со сите негови грешки е начин да се мобилизира колективен одговор на воените кризи и предизвиците од различна природа. Тие само сакаат да ја изберат својата иднина меѓу сојзуниците. Ние го направивме истото кога ја покажавме нашата солидарност и ја избркавме Русија од Советот на Европа. Се уште сме обединети во барањето на одговорност за извршените злодела. Почнавме да размислуваме и за тоа што правиме добро во Стразбур и каде можеме да се подобриме. А правиме многу добра, започнувајќи како мировен проект во 1949 година Советот се разви во светилник на надеж за милиони европејци преку европската конвеција за човекови права, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Посочи дека нормите и стандардите придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани, а денес повеќе од кога било е важно Европа да остане обединета и Европа нема да биде обединета целосна и слободна и мирна без Балканот целосно интегриран во европското семејство.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност на исландското претседателство за неуморните напори за успех на Самитот и му посака на претстојното летонско претседателство иста издржливост и посветеност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…