Објавено на:

ЕУ треба да ја спречи Индија да ја препродава руската нафта во Европа

t

ЕУ треба да ја спречи Индија да ја препродава руската нафта во Европа како рафинирано гориво, вклучително и дизелот.

Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека тоа прашање ќе го покрене денеска во разговор со министерот за надворешни работи на Индија, Субрахмањам Џаишанкар.

Ако дизелот или бензинот влезат во Европа од Индија, која ја преработува руската нафта, тоа секако е заобиколување на санкциите против Русија, а земјите-членки на ЕУ мора да преземат мерки во овој поглед“, изјави Борел, пренесе Ројтерс.

Борел рече дека секој механизам за запирање на протокот на руска нафта треба да го спроведат националните власти, што значи дека треба да се провери кои компании купуваат нафтени деривати од Индија.

Индиските рафинерии, кои претходно ретко купуваа руска нафта поради високите трошоци за транспорт, увезуваа од 970.000 до 981.000 барели нафта дневно во фискалната 2022/23 година. (април-март), што претставува повеќе од една петтина од вкупниот увоз на гориво во Индија.

Во изминатата година, Индија се наметна како најголем купувач на руска нафта од почетокот на војната во Украина.

Пристапот до евтина руска нафта го зголеми производството и профитот на индиските рафинерии, што им овозможува да извезуваат рафинирани производи во Европа и да заземат поголем дел од пазарот, посочува британската агенција.

Најголемиот руски производител на нафта Роснефт и главната индиска рафинерија „Индиан оил корп“ потпишаа договор за значително зголемување и диверзификација на квалитетот на нафтата што се испорачува во Индија.

Индија извезуваше во Европа во просек по 154.000 барели дневно дизел и авионско гориво пред војната во Украина.

Сепак, тоа се зголеми на 200.000 барели дневно откако ЕУ го забрани увозот на руски нафтени деривати од 5 февруари оваа година, според Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…