Ивановски експресно во второто коло во Куршумлиска Бања
Откако беше запрен дури во финалето на турнирот од минатата недела, Калин Ивановски денеска успешно го почна вториот едноподруго во Куршумлиска Бања, во Србија, исто така од класата М25 (награден фонд од 25.000 долари).
Македонскиот тенисер имаше олеснета задача во првото коло против српскиот квалификант Матија Жугиќ (без ранкинг на АТП), бидејќи се повреди и го предаде мечот по еден комплетен сет.
Ивановски го доби првиот со 6-3, а во вториот, Жугиќ почна да сервира и по неколку одиграни поени се предаде поради повреда. Во второто коло, Иванвски ќе оди на посериозен опонент, 24-годишниот Микалај Хаљак од Русија, кој во моментов го држи 835. место во светот.
Македонскиот тенисер ќе има шанса уште денеска да ги почувствува силите на Хаљак, бидејќи ќе се соочи со него во двојки. Заедно со Мили Пољичак од Хрватска, Ивановски ќе имаат улога на трети носители и фаворити против Хаљак и Гомез од Франција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…