Дел на БиХ се уште е зафатен од поплави, вонредна состојба во неколку градови
Северозападниот дел на Босна и Херцеговина е најзагрозен од поплавите, а во неколку градови во тој дел од земјата е прогласена вонредна состојба.
Вонредна состојба е прогласена во Костајница и Нови Град во Република Српска, како и во Бихаќ, Босанска Крупа, Сански Мост, Цазин и Велика Кладуша во Федерацијата БиХ.
Управата за цивилна заштита на РС денеска соопшти дека специјалистички тимови на управата се ангажирани во Козарска Дубица, Костајница, Нови Град, но и во Градишка и Приједор за да им пружат помош на подрачјата загрозени од поплави.
Најлоша е состојбата во Нови Град каде вода навлегла во околу 40 станбени згради, а евакуирани се 23 лица. Наставата во основните и средните училишта е прекината, пренесува Бета.
Во РС е поплавен и автопатот „9-ти јануари“ од Бања Лука до Добој.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина, најлоша е состојбата во Босанска Крупа, каде водостојот на реката Уна е највисок досега измерен на тоа место. Се уште не е познат точниот број на поплавени згради, но голем број домаќинства се евакуирани.
Повеќе од 800 станбени згради се опколени со вода и не може да им се пристапи.
Во Бихаќ се поплавени повеќе од 200 згради, а населбата Покој е отсечена од градот.
Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ изјави дека владата на ентитетот Босна и Херцеговина одвоила 500.000 конвертибилни марки (околу 250.000 евра) за Унско-санскиот кантон, погоден од поплави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…