Силен земјотрес ја погоди Гватемала
Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико, засега нема извештаи за жртви или материјална штета .
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтер се случил на длабочина од 252 километри, а неговиот епицентар бил на околу 2 километри југоисточно од општината Канила во Гватемала.
Властите за цивилна заштита во јужната мексиканска држава Чиапас соопштија дека нема повредени или материјална штета.
Властите од соседен Ел Салвадор на Твитер објавија дека нема опасност од цунами поради земјотресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…
Земјотрес рано утрово во Словенија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…
Силен земјотрес на Камчатка
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…
Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…
Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…
Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според…