Штом до нас дошло… Украина бара дополнителна воена помош од Македонија

t

Пристигнато е ново барање од украинска страна, за дополнителна воена помош, класифицирано е и во моментов Генералштабот го разгледува, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнување на активности мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.

– Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа е класифицирано од украинската страна се разгледува во Генералштабот на армијата, дали можеме и во која мера да одговориме и ако добиеме позитивно мислење се разбира соодветно ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука. Сега во моментов, како што напоменав, се прави анализа, а се разбира ние сме отворени сè додека има потреба од поддршка Република Северна Македонија, да пружи поддршка, изјави министерката.

Петровска повтори дека барањето е класифицирано, напоменувајќи дека одлуките кои веќе се донесени се декласифицирани и ѝ се достапни на јавноста.

– Се однесуваат повеќе барања како што реков тие се класифицирани не би ги споделувала во детали. Она што досега го испорачавме и одлуките кои ги донесовме досега тие веќе ги декласифициравме како што објавив, мислам дека веќе е објавено и на сајтот на Министерството, каде што само е задржано само правото да не ги споменуваме, да не ги споделуваме количините, тоа е заради тоа што сепак, станува збор за оперативни информации. Меѓутоа видот во смисла на тоа каков вид подетално на оружје, вооружување веќе сме донирале е објавено, изјави министерката за одбрана Петровска.

Донациите од Македонија за Украина се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилериска опрема, тенкови, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…