Објавено на:

Сензационална вест од Италија: Елмас сака да си оди од Наполи?!

t

Македонскиот дијамант Елиф Елмас кој сезонава со шест гола и три асистенции во Серија А имаше голем придонес во првото „скудето“ на Наполи после 33 години, сака да си оди од Неапол, сензационално најави Лука Черконе, новинар на порталот „Калчо Наполи 24“ во гостување на една емисија.

Според Черконе, Елмас не е најсреќен поради константната улога на „џокер“ и после освојувањето на шампионскиот трофеј сега наводно сакал нов предизвик и тим каде ќе му биде гарантирана далеку поголема минутажа и континуитет во настапите.

Оваа вест на новинарот од наполитанскиот портал е сосема спротивност на тоа што угледната „Ла Газета дело Спорт“ пред три дена го најави, дека Елмас чека сигнал од раководството на Наполи за да ја продолжат соработката после 2025 година, кога му истекува актуелниот договор и според новиот договор би добил поголема плата од актуелната од 1,5 милиони евра годишно, а би била за уште неколку години.

Македонскиот репрезентативец во јуни 2019 година дојде за 16 милиони евра од турски Фенербахче. Елмас има уште две години договор со Наполи и за евентуален трансфер ќе треба да се плати сериозна отштета, зашто тешко дека Лучано Спалети би се откажал така лесно од фудбалерот кој откако е на клупата на наполитанците го користи буквално на секоја позиција, па и како центарфор во пресметката со Милан во ЛШ.

Дали е ова само измислица на Черконе или има вистина во амбициите на Елмас, допрва ќе се знае, зашто сѐ уште не е завршена сезоната, а летниот преоден рок почнува од 1 јули.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…