Објавено на:

РАДИОАКТИВЕН ОБЛАК СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА, велат од Советот за безбедност на Русија!

t

Уништувањето на муницијата со осиромашен ураниум, која Западот ѝ ја достави на Украина, доведе до појава на радиоактивен облак кој веќе се движи кон Европа, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев на состанокот во градот Сиктивкар, Русија.


Тој исто така рече дека во Полска веќе е забележано зголемување на радијацијата.
Тој привлече внимание и на фактот дека американскиот претседател Џо Бајден вчера пристигна во Хирошима на самитот на Г7.
„Лидерите на западните земји ќе разговараат и за помошта за Украина под притисок на САД. Американците неколку пати во историјата на овој начин им „помагале“ на земјите. Тие и „помогнаа“ на Украина – вршеа притисок врз нивните сателити и доставија муниција со осиромашен ураниум. Неговото уништување предизвикало радиоактивен облак да се упати кон Западна Европа. Во Полска веќе е забележано зголемување на радијацијата“, рече Патрушев.

Како што додаде тој, САД произведуваат и „веќе користат хемиско и биолошко оружје, меѓу другото, на територијата на Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…