Запленети пури и тутун во вредност од над еден милион денари
Инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во две посебни истраги спроведени вчера и денеска, запленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун во вкупна вредност од 1.200.000 денари, известуваат од Царинска управа.
Од Царинската управа информираат дека со ова е спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 970.000 денари.
– Во првиот случај, запленети се пури од марката „Cohiba“ и „Trinidad“ коишто беа откриени при контрола на автобус во сопственост на бугарска компанија кој сообраќал на редовна линија Софија – Скопје – Софија, на влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Пурите се пронајдени во мал фрижидер каде биле скриени во две црни најлонски кеси, стои во соопштението.
Во вториот случај, станува збор за истрага спроведена на неколку локации во Скопје, при што се запленети 220 килограми режан тутун спремен за пушење, без акцизни маркички, односно за истиот не биле платени акцизните давачки.
Од Царинска управа велат дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до надлежните Основни јавни обвинителства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ открива вознемирувачки закани: Планирале да го…
Сметан од многумина за најдобар фудбалер на…
Брод погоден од непознат проектил покрај брегот…
Брод бил погоден од непознат проектил на…
Протести на Мајорка против масовниот туризам
Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на…
Вучиќ: Избори за максимум три месеци
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека следната…
Дронот што експлодираше во Бугарија е украински?…
Дронот што се урна во Бигарска најверојатно…