„Комити“ уште вечерва низ улиците на Скопје ќе ја најават инвазијата на Кавадарци
Во недела во Кавадарци се игра баражот за место во Првата лига помеѓу Скопје и Вардар, а навивачите на Вардар уште вечерва ќе ја најават инвазијата на Кавадарци.
На Фејсбук страната „Комитите“ најавија дека уште вечерва ќе излезат на улиците на Скопје каде што со песна ќе го најават баражот.
„Билетите за бараж натпреварот ќе го може да ги набавите на следните локации:
Петок (19.05) од 19:00ч пред хотелот “Холидеј Ин”, каде што од 20:00ч, навивачите на клубот, со песна низ улиците на градот ќе ја најават инвазијата на Кавадарци.
Сабота (20.05), ќе има продажба на фонтата во Градскиот Парк, од 12:00ч, се до 19:00ч.
Недела (21.05) ќе има продажба на билетите, на собирот пред С.Ц. Јане Сандански. Од 11:30ч, па се до тргнувањето кон Кавадарци.
Цена на билетите: Билет + превоз = 200 ден.
ВАЖНО: Одреден број на билети се наменети и за навивачите од другите градови. Ќе известиме наскоро на кој начин ќе можат да ги купат. Секој навивач ќе биде испочитуван, зошто Вардар е клуб на народот!“, објавија „Комити“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…
Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
Нетанјаху: „Имаме способност да ги напаѓаме нашите…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, при…
Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…
8-годишно дете било удрено од автомобил на…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…