Објавено на:

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

t

Владата на Република Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 – 2027 година.

Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите.

Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право.

Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…