Апсење во АРМ, Петровска порача: „За криминалот нема место во Армијата“
Вчера во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство приведоа припадничка на Армијата на Република Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.
„Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!“, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.
Ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.
– Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, истакна таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…