Објавено на:

Нови детали: Избегал од Идризово, па ограбил казино

t

СКОПЈЕИзбегал од Идризово, па ограбил казиноAvatar
ОдСкопје 1Објавено на 20/05/2023
Од Министерството за внатрешни работи известија дека утрово во Гази Баба е приведен разбојник кој утрово избегал од затвор каде издржувал 13-годишна казна

– Денеска (20.05.2023) во 09.13 часот на ул.„Благоја Стефковски“ на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Специјален тим при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(48) од Куманово.

Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во казино на ул. „Благоја Стефковски“.

Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна од 13 години и шест месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 396 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и осум месеци – соопштуваат од МВР.

Од Министерството додаваат дека при апсењето, полициските службеници испукале еден предупредувачки куршум. Кај него биле пронајдени одземените пари и пиштол „Чешка зброевка“ калибар 9 мм со муниција.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…