Пандев: Интер мора да верува со Сити, само силните играат такви мечеви!
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев беше член на последната генерација на Интер која ја освои Лигата на шампионите. Нераѕурите по 13 години пак се во финалето, овој пат противник ќе им биде Манчестер Сити.
Легендата на мак-фудбалот говореше за финалниот натпревар за италијанските медиуми и истакна дека мора да се верува во чудо со „граѓаните“ кои играат во врвна форма.
„Интер мора да верува во чудо. Заслужено е во финалето, затоа што да се добијат две дербија не е лесно. Исто мора да размислиме и да се вратиме назад, притисокот кој го имаше тимот, дискусиите за дербито и желбата за одмазда за онаа елиминација од минатото, го однесоа Интер во финалето. Не беше лесно да се дојде до мечот за титула, само силните играат такви мечеви, а Интер покажа дека е силен тим“, изјави Пандев.
Финалето од Лигата на шампионите е закажано на 10 јуни во Истанбул, на стадионот на Бешикташ.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…
Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
Нетанјаху: „Имаме способност да ги напаѓаме нашите…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, при…
Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…
8-годишно дете било удрено од автомобил на…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…