(Фото) Завршна фаза на на реконструкцијата на вториот дел на ул. Даме Груев
Извршивме увид на завршна фаза на реконструкцијата на вториот дел на ул. Даме Груев од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул. Македонија, сообраќајница која беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите како опасност по учесниците во сообраќајот, објави на Фејсбук денеска гдароначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Овој проект е од големо значење за жителите на Скопје кои живеат во Центар, но и на сите кои секојдневно се движат по овој потег. Во текот на градежните работи на овој дел од улицата Даме Груев покрај коловозот на површина од 3.254 квадратни метри, се реконструираат и пешачките патеки, нивелираат шахтите и сливниците, се работи на соообраќајно решение за непрекината велосипедска патека и уредување на зеленилото долж целата сообраќајница, како и на трансформација на дел од трасата во нова зелена површина. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…