Објавено на:

Убедлива победа на Мицотакис на изборите во Грција со над 20%!

t

Нова демократија со убедливо водство од над 20 отсто разлика во однос на СИРИЗА се чини дека е големиот победник на парламентарните избори во Грција, со пребројани 71,87 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија не го обезбеди потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така веројатно е дека на крајот од јуни или почетокот на јули ќе се одржат и вторите избори.

Во Парламентот место обезбедија пет партии, кои успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто.

Поконкретно, според официјалните податоци:

Нова демократија 40,83 отсто и 145 пратенички места

СИРИЗА 20,06 проценти и 72 пратенички места

ПАСОК- Движење на промена 11,81 отсто – 42 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 7,09 отсто- 25 пратенички места

Грчко решение 4,50 отсто и 16 пратенички места

Излезноста, според првичните официјални информации е 59,35 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајни прописи во Грција на кои македонските…

Многумина летово ќе заминат на одмор во…

(Видео) Атанасовски:  Ако добиеме ново вето од…

- Најстрашно за нас е ново вето,…

Колумна на Коѕијас: Зошто е важен Договорот…

Договорот од Преспа храбро го отплетка она…

Потпретседателот на ЕК со поддршка за Грција:…

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас за…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…