Објавено на:

Пријателот на Заев убедливо загуби на изборите во Грција

t

Изборниот резултат е особено негативен за СИРИЗА. Пред малку контактирав со господинот Мицотакис и му честитав за неговата победата. Битките имаат и победи и порази, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, по вчерашните парламентарни избори на кои неговата партија претрпе тежок пораз од Нова демократија со 20 проценти разлика.

Ципрас кај Македонците е познат што заедно со Зоран Заев го променија уставното име на Македонија.

Ципрас истакна дека партиските органи ќе ги разгледаат и оценат изборните резултати со цел да се направат неопходните промени

-Сепак, изборниот циклус сè уште не е завршен, бидејќи најверојатно ќе има втори избори. Затоа, немаме многу време, мора веднаш да направиме многу промени кои се потребни за да најдобро што е можно да ја водиме следната клучна и последна изборна битка, рече Ципрас.

Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи со пребројани 90 отсто од гласовите, Нова демократија е победник на изборите со 40,8 отсто, 20 повеќе од СИРИЗА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…