Вандализам на секој чекор: Уништени два од новите електрични тротинети и фрлени во ѓубре
Пред помалку од недела дена во Скопје беа пуштени во употреба 500 електрични тротинети за изнајмување, но минимум две од возилата веќе се вандализирани. На социјалните мрежи веќе вртат фотографии од тротинет кој заврши во контејнер и од еден кој остана без екран.
Викендов ги имаше насекаде оставени по тротоари и раскрсници, токму пред пешачките премини, каде што им пречат на минувачите.
Вандализмот кој и досега не беше непознат за скопските улици продолжува, во неколку наврати од градските и општинските власти беше апелирано да се запре вандализмот кој подразбира уништување на клупи, светилки, корпи за отпадоци, разни објекти и слично…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…