Мобилност Скопје организира марш за подигнување на јавната свест за лицата со Параплегија и Дистрофија

t

Мобилност Скопје со целосна поддршка од Мобилност МК на 30 мај(вторник), ќе го организира настанот за одбележување на деновите на МС, Параплегија и Дистрофија со цел подигнување на јавната свест за лицата со овие дијагнози и состојби, борба за остварување на нивните права и кохезија во заедницата за нивни еднакви можности.

По тој повод режиравме организација која ќе започне со собир во 10 часот пред порта Македонија каде ќе имаме покането голем број наши членови, пријатели, поддржувачи, јавни личности, лица од сферата на општествените и државните сектори и секако медиуми пред кои ќе продискутираме за сите потреби и проблеми на лицата со конкретни изјави пред нивните камери. Во 11 часот со мирен марш композицијата од лицата со инвалидитет и останатите учесници на собирот, ќе тргне по улица 11 Октомври кон Собранието на РМ и ќе се движи се до ДХО”Даре Џамбаз” каде учесниците ќе се состанат на мало дружење после кое настанот ќе заврши.

Во надеж дека оваа година ќе присуствувате на нашиот голем ден за лицата со овие дијагнози и состојби со кое ќе дадете огромна поддршка за свесноста кон нив во градот, однапред ви се заблагодаруваме и поздравуваме.

Со почит

Мобилност Скопје

Претседател-Гоце Миновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…