Објавено на:

Бујар Османи давал објаснување пред бугарскиот колега за говорот на Ковачевски во Рејкјавик

t

Привремениот министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов, остварил билатерален разговор со македонскиот колега Бујар Османи од кого побарал објаснување зошто Димитар Ковачевски на Самитот на Европа во Рејкјавик подвлекол паралели помеѓу Македонија и Бугарија од една и Украина и Русија од друга страна.

Кондов побарал од Османи објаснување за изјавата на Ковачевски дека „дискурсот на Бугарија кон Македонија е многу сличен со оној на Руската Федерација кон Украина“.

„Тој (Османи – н.з.) се обиде да објасни дека говорот на премиерот де факто бил поврзан со конкретни политичари, а не, во принцип, со политиката на Бугарија. Но јас го поставив прашањето – зошто во таква ситуација е посочена Бугарија, а не конкретниот политичар на кој се однесувало тоа“, рече Кондов.

Двајцата се сретнаа вчера во Брисел, на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој присуствуваа и шефови на дипломатите од земјите на Западен Балкан.

„Некои од колегите го поставија прашањето за побрзото проширување или побрза лента. Укажав од наша страна дека е исклучително важно да се почитуваат сите обврски, вклучително и промената на Уставот. Исто така укажав дека во сегашната ситуација, во која Бугарија се споменува на таков начин (споредување на односот на Бугарија кон РСМ со оној на Русија кон Украина), како и продолженото нарушување на човековите права – тоа секако не е начин за побрза интеграција, конкретно за Македонија“, изјави бугарскиот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…