Објавено на:

ДеСантис денеска официјално ќе ја објави кандидатурата за претседателските избори во САД

t

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска за време на разговор со извршниот директор на Твитер, Илон Маск, ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, потврдија британските медиуми.

ДеСантис со ова и официјално ќе стане најголемиот ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп за претседателската кандидатура меѓу републиканците.

Маск пренесе твит од новинарот на Фокс Њуз,Бил Мелугин, кој напиша дека републиканскиот гувернер ќе ја објави својата кандидатура за време на денешниот разговор.

Веднаш потоа се очекува да биде објавено видео снимено за неговата кампања, пренесува Ен-би-си.

Фокс њуз објави дека ДеСантис потоа ќе ги достави потребните документи до Федералната изборна комисија.

ДеСантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард.

Покрај тоа, тој служел во американската морнарица и учествувал во воената интервенција во Ирак. По активната должност, тој работел како федерален обвинител, а во американскиот Конгрес првпат влезе во 2012 година.

Гувернер на Флорида првпат стана во 2018 година, а беше реизбран во ноември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Косово да прифати сè што се…

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…

Слобода или екстрадиција? Денеска ќе се знае…

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…