Џафери на средбата со Папата изразил надеж дека Македонија наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ
Собранискиот спикер Талат Џафери на аудиенцијата кај Папата Франциск во Ватикан изразил надеж дека Македонија што поскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ, бидејќи, како што посочи, одолговлекувањето на процесот предизвикува евроскептицизам.
„Во однос на членството во ЕУ моментално кај нас се одвива скрининг процесот и ни претстојат уставни измени за кои мора да обезбедиме двотретинско мнозинство. За жал предолгото чекање пред вратите на ЕУ предизвика и слабеење на поддршката на граѓаните за интеграцијата, меѓутоа се разбира нема да се откажеме од постигнувањето на оваа стратешка определба“ истакнал Џафери.
Уште еднаш ја изразил поддршката на земјава за Украина, по што следуваше осуди за, според него, неправедната и неиспровоцирана агресија на Русија врз оваа земја.
Џафери при средбата потсетил дека веќе сме полноправни членки на НАТО Алијансата и сме активни чинители во одржувањето на глобалниот мир.
Џафери на средбата со папата Франциск, посочил дека двете држави се нераскинливо поврзани преку историски врски на важните личности од заедничкото минато, кои се темелат на заедничките историски, културни и верски традиции.
-Но постои широк потенцијал за понатамошно унапредување на тоа партнерство, како на билатерален, така и на меѓународен план, особено преку Националната библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје и Ватиканската библиотека, како и меѓу тајниот Архив на Ватикан и Државниот архив на МК, меѓу Институтот за национална историја на Македонија и Ватиканската библиотека и Архив во размената на научно – истражувачки работници, како и преку потпишување на меѓудржавен договор за регулирање на надлежностите во сферата на високото образование меѓу двете држави, по моделот на вакви слични договори што ги има Светата Столица со земји од регионот“ – рекол претседателот на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…