Објавено на:

ЕДНИОТ ГО ПРОНАЈДЕ МРТОВ ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ, ДРУГИОТ СИН И ПОЧИНА ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ – животот на Тина Тарнер исполнет со големи трагедии!

t

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на легендарната рок-пејачка Тина Тарнер која по долго боледување почина денеска во Швајцарија кадешто живееше последните години.

Ќе остане запаметена како една од најпродаваните пејачки во музичката историја со преку 200 милиони примероци на албуми.

Пред камерите беше лавица, но позади нив имаше суров живот исполнет со насилство, но и со големи семејни трагедии.

Пред само шест месеци во својот дом во Лос Анџелес беше пронајден мртов нејзиниот 62-годишен син Рони Тарнер кој наводно подолго време се борел со канцер.

Пред само четири години, почина и најстариот син на легендарната пејачка која го доби од врската со саксафонистот Рејмонд Хил. Крег се самоуби во јули 2018 година.

Во младоста беше жртва на семејно насилство и сите ја знаат нејзината турбулентна врска со музичарот Ајк Тарнер.

Со него е во брак од 1962 до 1978 година. Ќе ѝ треба многу долго време да ѝ станат јасни некои работи и да почне се’ сама од почеток, да работи на своите соништа да станат јаве.

Ајк го запознава во еден ноќен клуб кога има 19 години и веднаш почнуваат да соработуваат, а првиот хит River Deep, Mountain High ќе ги донесе на топ-листите. Но, тогаш почнува и кошмарот. Ајк почнува секојдневно да ја малтретира и тоа со жестоки тупаници, клоци и многу често завршувала со крв и модринки.

Љубовта на својот живот ја запознава во 1985 година. Тина тогаш живеела во Цирих и на забава на една издавачка куќа го запознава својот иден сопруг, продуцент на германската музика, шеснаесет години помладиот Ервин Бах со кој година дена подоцна почнува да се забавува.

„Тој е моето се’. Го обожавам. Ние сме едно. А што најмногу сакам со него? Па животот“, изјави во една прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гир очекува вториот круг од претседателските избори…

Амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир…

Пронајден е 76-годишниот маж по кој се…

Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по…

Месиќ во Приштина: Голема Србија никогаш нема…

Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ, изјави…

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по тридневната…

(Фото) УХМР со најнова прогноза: Еве какво…

Следува период на сончево и релативно топло…