“УЧК” натписи се појавија на детско изгралиште во Косово: Србите велат дека тоа е закана
Во селото Угларе во Косово на детското игралиште кое минатата година беше реновирано од страна на Канцеларијата за Косово и Метохија, се појавија натписите „ОВК“ односно “УЧК” информираат од Канцеларијата за Косово и Метохија .
Како што се наведува во соопштението на Канцеларијата, тоа е најстрашната и најбесрамната форма на закана, која не смее да се толерира во ниту едно цивилизирано општество.
„На детското игралиште само кукавици и никаквеци од најлош вид врежуваат заканувачки политички пораки и во оваа прилика јасно и недвосмислено порачуваме дека никој нема да смее да ја загрозува безбедноста на децата на Косово и Метохија, без разлика дали се Срби или се од некоја друга националност“, велат од Канцеларијата за КиМ.
Тие наведуваат дека „шовинистичката политика“ на косовскиот премиер Албин Курти почнала да одекнува на детските игралишта и дека „само оној кој се преправа дека е неук може да ја негира директната врска меѓу неговата политика на терор и заканите кон српските деца“.
Србите во Углар со години живеат во негостопримлива средина, а токму односот кон нив е најдобар показател за екстремната нетрпеливост на општеството што Албин Курти ја гради со своите идеолошки истомисленици“, се наведува во соопштението.
Се додава дека Србите во Углар не се сами и дека одговорноста за кревката ситуација на терен е на меѓународната заедница.
„Ако некој мисли дека Србите во Углар се лесна мета, треба двапати да размисли, бидејќи тие не се ниту сами ниту беспомошни, а претставниците на меѓународната заедница, кои сносат целосна одговорност за многу кревката ситуација на терен, треба да го знаат ова“, нагласуваат од Канцеларијата за КиМ.
Тие потсетија дека пред само неколку дена во близина на училиштето во Углар биле застрелани деца, што, како што велат, потврдува дека заканата за Србите во тоа село не е измислена или преовеличена, туку дека е и сеприсутна и дека бара итна реакција со цел да се заштитат луѓето таму, им се овозможи да живеат нормален живот, а децата да растат без страв.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…