Објавено на:

„Софтвери“ продолжува на 12 јуни со завршните зборови на Рашковски

t

„Што се однесува до предлогот на Обвинителството за изрекување казна, забрана за вршење на професија дејност при должност кон Ивица Димитровски, сметам дека не се исполнети законските услови за изрекување на истото, бидејќи не постои ниту еден доказ дека Ивица Димитровски ја злоупотребил професијата универзитетски професор заради извршување на кривичното дело или пак може да се очекува во иднина дека ќе ја злоупотреби, ниту пак постои каква било поврзаност на дејствијата што му се ставаат на товар со неговата работа и животен повик за едуцирање студенти“, истакна Јошева Анастасовска.

Димитровски пак, во своите завршни зборови зборуваше за неговата кариера откако почнал да работи на ФИНКИ уште од 2005 година и за неговиот интегритет како професор, посочувајќи дека во овие проекти не се вклучил за да се збогати. туку за да даде придонес како експерт.

„Сакам да потенцирам дека никогаш не сум влегол во овие проекти со помислата дека ќе се збогатам, Се ова што сум го работел исклучиво е затоа што е директно поврзано со област за којашто сум докажан експерт и на која работам повеќе од 15 години. Дополнително, проектите беа од огромно општествено и економско значење за целата држава и искрено верував дека со нивната реализација може многу работи да се сменат на подобро“, нагласи Димитровски, изразувајќи уверување во правичноста на судот и дека судот ќе ги цени и согледа сите неправилности и неправди што му биле нанесени на него и на неговата фамилија.

Завршни зборови имаа и Игор Христов и неговиот адвокат Стевица Јосифовски, додека на 12 јуни во 10 часот завршни зборови ќе даде поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски: Гласајте за слобода, за број 3,…

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве…

Апасиев: Го враќаме името Република Македонија!

Мојата генерација ќе го врати уставното име…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

По завршувањето на специјалната операција во Украина,…

Првата жртва при распадот на Југославија: 33…

Триесет и три години од загинувањето на…