Медведев: Овој судир ќе трае многу долго, можеби и со децении
Главниот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот претседател на Федерацијата и актуелен заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека војната во Украина може да трае со децении, со долги периоди на борби исцртани со прекини на огнот, јавија руските медиуми, според кои, тој ова го кажа за време на посетата на Виетнам.
Медведев често пати дава остри коментари, а минатиот месец украинските власти ги опиша како заразна болест.
Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении. Се додека постои таква власт, ќе има, да речеме, три години примирје, две години конфликт и сè ќе се повторува, рече Медведев, повторувајќи го тврдењето на Москва дека Украина е нацистичка држава.
Медведев во јануари се закани дека дека доколку Русија биде воено поразена, таа може да предизвика нуклеарна војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…