Ковачевски: Пораките на САД се јасни и да се сфатат сериозно, Македонија да го продолжи европскиот пат
Ако не го продолжиме европскиот пат и не ги направиме следните чекори, евроинтеграциите ќе бидат доведени во ризик, повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација како онаа што ја имавме десет години од 2006 до 2016, и тоа не смееме да го дозволиме, рече попладнево од собраниска говорница премиерот Димитар Ковачевски.
– Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година – порача тој.
Ковачевски потенцира пораките од САД да се сфатат сериозно зашто, според него, овој наш најголем стратешки партнер ќе продолжи да ја поддржува земјава во носењето храбри и мудри одлуки на патот кон ЕУ.
Според него, пријателството со САД е голема гаранција за стабилноста на нашата држава, но и на регионот.
– Пораката од САД е многу јасна, а тоа го потврди денеска и сенаторот Крис Марфи, дека сите политички партии треба да го поддржат европскиот пат како единствен стратешки пат на Македонија која по НАТО, треба да стане членка и на ЕУ. САД ќе ни помогнат на секој чекор понатаму за да ги исполниме обврските од преговарачката рамка и да ги продолжиме преговорите со ЕУ – рече премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…