Курти разговарал со Стјуарт Пич: Владата вчера обезбедни новите градоначалници да добијат пристап до канцелариите
Косовскиот премиер Албин Курти телефонски разговарал со британскиот пратеник за Западен Балкан Стјуарт Пич, објави Курти на својот Твитер профил.
Тема на разговорот биле вчерашните настани на северот на Косово и Метохија.
Курти на Твитер напиша дека му рекол на Пич дека единствената намера на косовската влада е да им дозволи на новите градоначалници пристап до нивните канцеларии.
„Имав телефонски разговор со лордот Стјуарт Пич за најновите случувања. Нагласив дека единствената намера на нашата влада е да обезбеди пристап до канцелариите на избраните градоначалници и ја изразив мојата посветеност да работам со Велика Британија и сојузниците, земјите од Квинт на брзото спроведување на Основниот договор“, напиша Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовската опозиција: Курти е во мисија да…
Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…
Курти: Се подготвуваме да аплицираме за членство…
Албин Курти изјави дека по аплицирањето за…
Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…
Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…
Курти: Србија не сака договор со Косово,…
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија…