Објавено на:

Новиот парламентарен состав во Грција денеска ќе положи заклетва, а утре ќе се распушти

t

Новиот парламентарен состав во Грција што произлезе од изборите во неделата, попладнево ќе положи свечена заклетва, меѓутоа пратениците ќе имаат еднодневен пратенички мандат со оглед на тоа дека утре ќе се распушти и официјално ќе бидат распишани новите избори на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Првично беше планирано првата седница да се одржи на 1 јуни, согласно претседателскиот декрет од 22 април, меѓутоа, со оглед на тоа што формалните процедури за формирање Влада се одвиваа со забрзан ритам и беше јасно дека земјата ќе оди на нови избори, во вторникот беше издаден нов декрет и првата седница се свика четири дена порано.

Пратениците попладнево ќе положат свечена заклетва, утре ќе се избере новиот претседател на Парламентот, по што ќе биде издаден и новиот претседателски декрет за распуштање на Парламентот и распишување избори на 25 јуни.

Со тоа и официјално ќе започне новиот предизборен период во Грција.

Земјата веќе доби службена Влада која ја води претседателот на Судот на ревизори Јоанис Сармас, а вчера беше одржана владина седница

Сармас на почетокот на седницата истакна дека ќе ја одредат владината политика до изборите на 25 јуни, а паралелно од министрите во службената Влада побара да ги идентификуваат евентуалните опасностите во нивните Министерства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…