Известувачот за Косово во ЕП: Ако им треба полииција значи дека градоначалниците немаат легитимитет
Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, денеска изјави дека доколку албанските градоначалници на општините на северот на Косово и Метохија влезат во општинските згради само во присуство на силно вооружени „полициски“ сили, тогаш тие „ немаат политички легитимитет“, нагласувајќи и дека разбира дека тие имаат право да ги извршуваат своите функции.
Таа рече дека начинот на кој владата во Приштина дејствувала на северот на Косово во петокот не е во согласност со она што ЕУ би сакала да го види.
„Ако работите се прават на овој начин, ако видиме оклопни возила, тешко вооружена полиција, специјални единици кои деноноќно ги чуваат општинските згради, треба да размислиме за други можности и опции“, изјави Фон Крамон за Радио Слободна Европа (РСЕ) на албански јазик.
Според неа, потребно е решение кое би го вклучило и локалното население.
Таа денеска се сретна со премиерот на привремената приштинска институција Албин Курти и посочи дека таа и Курти имаат различни ставови за ситуацијата на северот на Косово и Метохија, додава РСЕ.
Меѓународната заедница најостро ги осуди постапките на Приштина, барајќи деескалација на ситуацијата, пренесува Танјуг.
ЕУ побара Приштина да не презема еднострани дејствија, додека САД побараа таканареченото Косово веднаш да престане со своите насилни мерки, додава РСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанците на Косово го погребаа Фатон Хајризи…
Албанецот од Косово Фатон Хајризи кој уби…
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Србија ги прати во Косово посмртните останки…
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…