Објавено на:

(Видео) После војна сите се генерали: Тодоров не го коментира справувањето на Филипче со Ковид-пандемијата

t

После војна сите се генерали, вели во денешната епизода на МРЕЖА поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров кој не сакаше да го коментира справувањето на неговиот наследник Венко Филипче со Ковид-пандемијата.

– Да бидеш генерал после битка е најлесно, да бидеш министер во време на пандемија е ѓаволски тешка работа и не е коректно од оваа лежерна позиција да судиме што би било кога би било. Министер за здравство е една од најтешките функции во државата, уште потешко е во време на пандемија. Тогаш сите кажувавме како треба, се даваа критики, ама сега после толку време во Европа не гледам дека се дискутира на таа тема. Ако земем да дискутираме колку земји ги уништуваат вакцините кои ги набавија, згрешиле тие министри, ајде седни на позиција и најди подобро решение во таква ситуација. Контекстот е различен, времето и притисокот се различни, тогаш не знаевме што ќе биде, си викаш замисли да имам потреба од 20.000 кревети за хоспитализација. Сега е лесно да се критикува, но врати се назад и тогаш да зборуваме. Јас се држам до таа константа дека гола критика не поддржувам или критика за манипулација на народ не поддржувам, најубаво е реално да си кажеш и пред народот и пред себе.

Најголема реформа што еден министер за здравство во Македонија може да ја направи е клиничкиот центар, тој многу ќе ни помогнеше во корона кризата, јас сонував да го завршам ама не го завршив и тоа е голема болка, вели Тодоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…