Странските инвеститори за една година повлекле 36 милијарди долари од Русија
Странски инвеститори преку продажба на имот од Русија повлекле околу 36 милијарди долари во периодот од март 2022 до март оваа година, соопшти руската Централна банка.
Од март 2022 година до март 2023 година биле извршени околу 200 продажни трансакции, а само во една петтина од нив бил продаден имот во вредност од над 100 милиони долари, истакна Централната банка.
Голем број големи западни компании ги напуштија или го намалија работењето во Русија откако Западот одговори на руската инвазија врз Украина со големи санкции против Москва.
Претходно, руската Централна банка во извештајот за стабилноста на финансискиот систем соопшти дека само мал дел од странските компании всушност го продале својот бизнис во Русија и дека многумина го задржале правото на враќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…