Објавено на:

Известувачот на Европскиот парламент за Косово: Косовските специјалци да се повлечат и да се седне на маса!

t

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон побара од косовските власти да ги повлечат специјалните сили од северот, пренесе KoSSev.

„Дали ова е формата на добро владеење што ја сакаме? Наместо тоа, треба да имаме мерки за градење доверба. Дијалогот во Косово е единствениот излез од оваа ситуација. Ги повикувам косовските власти да размислат за преземање мерки за градење доверба, а како пример за тоа – повлекување на специјалните полициски сили од северот. Да седнеме на преговарачка маса“, рече фон Крамон денеска на прес-конференција во Приштина.

Во меѓувреме, во три северни општини илјадници граѓани од раните утрински часови стојат пред општинските згради, кои во петокот беа преземени од силни сили на косовската специјална полиција.

Фон Крамон истакна дека косовската влада „презема многу ризици со маневри на Север“ и дека единствениот начин за решавање на оваа ситуација е дијалогот и преговарачката маса.

Само во обид да придонесе за решавање на ситуацијата, Фон Крамон вчера итно отпатува за Косово, каде во Приштина се сретна со косовските претставници, а ги посети и Звечан и Лепосавиќ.

Вчерашниот ден го одбележаа нејзините посети на север, особено поради оценките и изјавите кои ги даваше на лице место, таа се најде под лавина тешки вербални напади од албанска страна, од функционери, аналитичари, новинари итн.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…