Загина возач од Велес во тешката сообраќајна несреќа кај Крупиште
Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички.
На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап – возило со скопски регистерски таблички.
Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека повикани се во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.
Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионалн пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрага за илегална продажба на околу еден…
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…
Судијка од Велес времено делегирана во Судот…
Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине…
Мицкоски најави влегување на македонскиот пазар на…
Фармацевтската швајцарска компанија „Ронтис“ изразила желба да…
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…